сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 42
home Вести

„Лидер“: ВМРО-ДПМНЕ постави двајца портпароли

„Лидер“: ВМРО-ДПМНЕ постави двајца портпароли

Новинарот Наум Стоилковски и доскорeшниот потпреседател на подмладокот на УМС Димче Арсовски, на синоќешниот состанок на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ биле поставени за портпароли на партијата – објави порталот Лидер повикувајќи се на неофицијални извори од партијата.

-Според нашиот извор, ВМРО-ДПМНЕ со овие две кадровски решенија планира да изврши промена во пристапот во медиумите и да воведе нов принцип на работа, објави порталот.

Стоилковски до стапувањето на оваа функција беше долгогодишен новинар со значителен придонес во неделникот и порталот Република, а подоцна роботеше во Телевизија Нова, по што сега влегува во политика како гласноговорник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски од друга страна е кадар кој излегува од партискиот подмладок, има 26 години и до скоро беше потпретседател на подмладокот на партијата.