понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 52
home Вести

„Лидер“: Власта го спрема Младен Чадиковски за претседател на ЗНМ

„Лидер“: Власта го спрема Младен Чадиковски за претседател на ЗНМ

„Економски Лидер” дознава дека главниот и одговорн уредник на провладината телевизија 24 Вести Младен Чадиковски ќе биде идниот претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Според информации на порталот, Чадиковски на оваа функција доаѓа на предлог на власта, но официјално ќе биде предложен од сегашниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани.

-Претседателот на ЗНМ се бира на Изборното собрание, а според нашите информации Чадиковски е единствен кадидат засега. Рокот за поднесување на кандидатура за претседател е до 12 декември. Неофицијално, Чадиковски, кој беше дел од медиумската империја на Велија Рамковски, има поддршка од власта, со цел да ги протне политиките на премиерот Зоран Заев и на СДСМ, за да може да се воспостави контрола врз целиот медиумски сектор. Според нашите информации од ЗНМ, повеќето членови не сакаат Чадиковски да биде претседател и на ова Изборно собрание, како и претходните, се очекува да има турбуленции, пишува порталот.

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНМ постојано, жестоко реагираше на притисокот на власта врз медиумите. Во изминатите година и пол, додека СДСМ е на власт, ЗНМ како да е во коалиција со нив и воопшто не реагира ниту на притисоците, ниту на пресметката на власта со критички настроените новинари и медиуми.

 

Коронавирус