недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 49
home Вести

„Лидер“ со детали за случајот ТНТ: Преку притисоци се обидуваат да земат финансиска оштета од државата и од обвинетите

„Лидер“ со детали за случајот ТНТ: Преку притисоци се обидуваат да земат финансиска оштета од државата и од обвинетите

Денеска заврши уште едно рочиште за предметот ТНТ во Основниот Суд 1 во Скопје, кое се однесува на рушењето на недоизградената дивоградба Космос на Фијат Цаноски во 2011-та година. Според одбраната, материјалните докази кои денеска повторно беа презентирани во судот од СЈО, или немаа никакво значење, во смисла беа само презентирање документи кои биле дел од редовните процедури и не му помагаат никому во постапката, или документи кои наместо на СЈО многу им помагаат и се во полза на обвинетите, пренесува порталот Лидер.мк.

Инаку, според одбраната, во случајот ТНТ се работи за класична дивоградба каде според градежната дозвола Фијат Цаноски требало да изгради три нивоа подземни гаражи, а тој изградил две нивоа со цел да заштеди 2 милиони евра, бидејќи при копањето на градежната јама, се појавила подземна вода, па тоа значело дополнителна инвестиција од 2 милиони евра, која Цановски како моќен човек во тоа време проценил дека некако ќе успее, иако незаконски, да ја одбегне.

-Општина Гази Баба го открила истото и наложила рушење на делумно изградениот објект. Тогаш Цаноски побарал да му ја променат градежната дозвола и со тоа да му ја прилагодат на фактичката градба – дивоградба, што општината и да сакала не можела да го стори бидејќи тоа би било противзаконски. Но со тоа барање Цановски, де јуре, признал дека градел спротивно на градежната дозвола, а тоа се нарекува дивоградба. Потоа Цаноски тужел на суд и загубил на сите судови. Се обидел да издејствува привилегија и преку политички врски и лобирања, но не успеал. Доказот дека е дивоградба се уште стои на лице место, бидејки под земја не е срушено ништо и во секој момент може да се измери дека е градено поплитко за 1.43 метри, брифираат од одбраната.

Тие додаваат дека сега повторно преку политички притисок и влијание на судот како и преку СЈО се обидува да се издејствува финансиска оштета како од државата така и од обвинетите.

Едниот судија – Огнен Ставрев, син на поранешниот комунистички лидер во Македонија и на ниво на Југославија Драгољуб Ставрев во судските кулоари важи за жесток критичар на ВМРО-ДПМНЕ, како и близок пријател на Мирослав Грчев кој во случајот како „независен“ вештак иако неправилно и противзаконски, сепак ризикува и вештачи во корист на Цаноски. Вториот судија Осман Шабани, познато е дека е семеен пријател на семејството Цаноски.

Од одбраната додаваат дека се надеваат дека овие двајца судии кои се клучни во постапката ќе успеат да се издигнат над ситуацијата, да ги разграничат приватните пријателства и партиските емоции со фактичката и реална состојба во еден предмет каде се е направено согласно закон, додава порталот.

Коронавирус