сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 51
home Вести

Лидер: Партискиот реваншизам на Заев стигна и во Македонски Телеком

Лидер: Партискиот реваншизам на Заев стигна и во Македонски Телеком

Политичкиот реваншизам на СДСМ стигна и во Македонски телеком каде е донесена одлука за технолошки вишок со која од неколку илјади вработени од работа ќе си одат единаесетмина, дознава Лидер.

Според информациите кои дојде Лидер формалната причина е вишок на вработени и дуплирање на работните места, а во суштина стои политички реваншизам врз кадри кои не се блиски до СДСМ и раководната структура на Телеком и директорот Никола Љушев кој сега важи за близок до актуелната влада на Заев.

– Дел од вработените не може да се никако технолошки вишок затоа што се на позиции каде нема други вработени со таа работна задача. – вели за Економски Лидер, високо позициониран извор од компанијата.

Во изминативе три години Телеком го тресат разни скандали. Владата која е воедно акционер во самата компанија премолчи на правото заеднички да одлучува во носењето на крупни одлуки.

Собранието на Македонски телеком на седницата на 10.01.2018 ги одобри измените на Статутот на Македонски Телеком (за кое е истакнато дека било договорено меѓу двата акционери, поради побрзо одлучување и забрзување на процесите во компанијата)

Овие измени се однесуваат на член 44.4 и член 47.2 од Статутот, каде во случај на несогласување во врска со прашања кои се во рамките на надлежности на Извршните членови на Одборот на директори ( а тоа се двајца- Главен извршен директор странец и Главен оперативен директор- македонец ) Главниот извршен директор (странецот) ќе има право и обврска конечно да одлучи за соодветното прашање, и во такви случаи , тој и ќе биде единствен потписник кој ќе има право и обврска да потпишува договори, спогодби и други правни акти во име на компанијата.

На овој начин македонската страна како малцински акционер се откажа од контролата и од влијанието кое го имаше претходно, да одлучува при носење на важни одлуки во компанијата.

Извор: Лидер

Коронавирус