петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Лидер: Обвинение против Михајловски затоа што му се заканувал на Тричковски, кој не е гонет и покрај бројните испади

Лидер: Обвинение против Михајловски затоа што му се заканувал на Тричковски, кој не е гонет и покрај бројните испади

Од Основното јавно обвинителство во Скопје информираа дека е поднесен обвинителен предлог против едно лице за закани упатени преку социјалната мрежа Фејсбук. Лидер пренесува дека обвинението е поднесено против актерот Тони Михајловски, за упатени закани до новинарот Бранко Тричковски.

Инаку, и покрај бројните испади, повици за насилство, убивање и силување, ОЈО нема поведено постапка против Бранко Тричковски. Последен од низата ексцеси на поранешниот новинар, беше оној кога повика да се фрли во контејнер бебето на екс-министерката Гордана Јанкуловска, пишува Лидер.

Михајловски се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот“, информираа од Обвинителството.

Коронавирус