сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Лидер“: Непотизмот на власта го зафати и Телекомот

„Лидер“: Непотизмот на власта го зафати и Телекомот

Непотизмот како појава широко е распространет со власта на СДСМ. Сведоци сме на вработување на сопруги на функционери, братучеди, роднини на носители на јавни функции под државна капа, анализира ЛИДЕР.

Таквиот непотизам го зафатил и Македонскиот телеком, па во исто време кога се пишува за носење на одлука за технолошки вишок според политички мотиви и реваншизам, до нашата редакција стигнаа информации за непотизам кај дел од менаџментот на Телекомот во кој и државата има удел.

Иако порталот побарал официјална информација до пред објавувањето на ваквата вест не доби ниту потврда или демант.

Во Телекомот според засега непотврдени информации вработени се:

Наташа Љушева, Служба за продукт маркетинг во Сектор за маркетинг за приватни корисници. сопруга на Никола Љушев ,Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година.

Гордана Пројкоска, Сектор за продажба за приватни корисници, сопруга на Славко Пројкоски , кој е Главен директор за финансии на Македонски Телеком.

Драгана Станчева, Служба за продукти и сервиси за деловни корисници, Сектор за маркетинг за деловни корисници, сопруга на Бранко Станчев , Главен комерцијален директор за приватни корисници на Македонски Телеком.

-Телекомот го следи скандал на планирање на одлука за технолошки вишок во услови кога менаџментот вработува свои блиски. Интересно е што Телекомот соработува и со агенции чие планирање за реорганизација го прават луѓе блиски до актуелната влада. Лидер го истражува случајот, објави порталот.

Коронавирус