вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 29
home Вести

Лидер: Неформалниот сопруг на Царовска доби нов тендер- 1 милион од Град Скопје!

Лидер: Неформалниот сопруг на Царовска доби нов тендер- 1 милион од Град Скопје!

Речиси еден милион денари од Град Скопје добила компанијата „ФЛАЈ КЕМ“ ДООЕЛ Скопје, чиј спственик е неформалниот сопруг на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, пишува Економски Лидер.

Горан Георгиевски, кој живее во заедница со министерката Царовска, доби тендер вреден 967.600 денари од Град Скопје за изнајмување на опрема за висинско набљудување на терен, диви депонии и останати зони во градот.

Како што открива Лидер дроновите на сопругот на Царовска ќе го набљудуваат градот во рок од траење од една година. Договорот помеѓу Георгиевски и скопскиот градоначалник Петре Шилегов е склучен на 8 мај.

Целата сторија на Лидер.мк.

Коронавирус