Петре Шилегов ако е дезинфекција, дозволи ни да го снимаме депото и ќе докажеш дека не си ги украл коцките и не си ги ставил во твојата викендица во Маврово.
Исто така, можеш да ни ги презентираше и фактурите со кои си купувал коцките за твојата викендица.
Ајде, покажи ја твојата транспарентност и наместо да не обвинуваш за тоа дека работиме против европските интеграции со тоа што ти го објавуваме скандалот, покажи доблест и транспарентност!
П.С. утре на Економски Лидер објавуваме за кривично дело кое го извршил Шилегов а за кое се одговара со 1 до 5 години затвор!, напиша вчера на својот профил новинарот и уредник на порталот Лидер, Љупчо Златев.