среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

ЛИДЕР: Кацарска ја одолговлекува постапката за нејзино разрешување! Какви докази има во предметот пред судски совет?

ЛИДЕР: Кацарска ја одолговлекува постапката за нејзино разрешување! Какви докази има во предметот пред судски совет?

Судијата Добрила Кацарска, според информации на Лидер, поднела барање да се одложи расправата за нејзино разрешување. Дали Судскиот совет ќе го прифати ова барање останува да се види во текот на денешниот ден. Исто така останува да се види дали целта на Кацарска е одолговлекување на постапката и обезбедување мнозинство во советот кои би ги игнорирале аргументите во барањето за нејзино разрешување, објавува Лидер.мк.

По вчерашната објава на Лидер, судијата Владимир Панчевски и претходен претседател на Кривичен на фејсбук напиша: – ШМИНКА ПРЕД НАРОД ПАЛЕЊЕ И ГАСЕЊЕ НА НИСКИ СТРАСТИ НА ВЛАСТА!

Панчевски пишува дека Кацарска ниту ќе биде разрешена ниту некој тоа нешто сериозно го сфаќа.

Другарчињата од комитетот тоа добро ќе го спакуваат, но за малце нема да помине, а оние во притвор и затвор ќе мислат ах има Закон и правда, е тоа се тие комитетски одлуки. Плус демек овие “разрешувачиве” покренале постапка еднаш и тоа демек во нивните глави ќе остане затворено прашање за сите времиња, Мало морген, животот е долг, годините иако брзо проаѓаат, неволјата чука кога најмалку очекуваш! Колку многу претставки за еден судија!  пишува Панчевски на фејсбук.

Во барањата за разрешување на Кацарска се наведуваат повеќе докази, имено таа стана позната во јавноста како судија која држеше седници и по повеќе од 12 часа, потоа ја малтретираше поранешната министерка Јанкулоска во 2 месец ризична бременост со набиени рочишта, кои беа опасни по нејзиното и здравјето на нејзиното бебе.

Кацарска прерасна во единствен судија кој ги исполнува барањата на власта за судење на политичките неистомисленици, па оттука останува да видиме дали власта ќе врши притисок за заштита на Кацарска и нејзино неразрешување. Очигледно дека власта тргнала во мисија за спасување на Кацарска.

Најнови вести

Коронавирус