среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 130
home Вести

Лидер: И градоначалникот на Велес дел од аферата „Фонд за иновации“

Лидер: И градоначалникот на Велес дел од аферата „Фонд за иновации“

Очигледно нема крај на скандалите кои изминативе недела дена го следат Фондот за иновации и технолошки развој и сомнително доделените грантови на провладини медиуми, партиски функционери и луѓе блиски до власта, пишува порталот Лидер.

Во последниот скандал кој го отвора „Лидер“, станува збор за компанијата Хемија-Комерц ДООЕЛ од Велес која е во сопственост на Трајче Трајков прв братучед на градоначалникот од Велес, Ацо Коцевски. Блискиот роднина на градоначалникот Коцевски со неговата фирма Хемија-Комерц која се занимава со технолошка индустрија добил 2.7 милиони денари или околу 45 илјади евра за проектот ,,Сопствено производство на готови керамички маси за производство на трпезни керамички садови’’.

Порталот потсетува дека секојдневно во јавноста се појавуваат нови скандали со доделените грантови од ФИТР, за кои Заев тврди дека нема никаков криминал, и покрај фактот што Обвинителството покрена истажна постапка по допрен глас, а претрес во седиштето на ФИТР направи и полицијата. Заев тврди дека дел од грантовите се доделени спротивно на етичките принципи, но не и на законите.

Сепак фактите го говорат спротивното, а можеби најдобар пример е фирмата Декодикс, во сопственост на снаата на Цветанка Ласкова, советничка за култура на премиерот Заев, фирма која била регистрирана само 43 дена пред да добие од државата неверојатни 330 илјади евра. Покрај Христина Керкез, сопруга на Горан Кан Керкез, син на Цветанка Ласкова, грантови добија и фирмите на вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот на СДСМ Хари Локвенец. Меѓу сомнителните грантови имаше и пари за медиуми и лица блиски до нив, како на пример случајот со грантот за ,,Слободен Печат’’ и грантот за сопругата на новинарот и сопственик на порталот ,,Сакам да кажам’’ , Горан Михајловски.

Коронавирус