среда, 22. мај 2019. Вести денес: 0
home Вести

Лицето кое го има клучот одбива да ја отклучи просторијата на едно гласачкото место во Студеничани

Лицето кое го има клучот одбива да ја отклучи просторијата на едно гласачкото место во Студеничани

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи.

На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 33% од вкупниот број на гласачки места во Република Македонија.

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи, освен ГМ 2344 во општина Студеничани поради тоа што лицето кое има клуч од просторијата во која е сместено ГМ одбива истата да ја отклучи.

Останатите набљудувачи се на избирачките места и досега не забележале проблеми при набљудувањето на процесот.

Во текот на денот, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.