среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 90
home Вести

Лицемерието на Оливер Спасовски: Поважен му е бројот на фанови на Фејсбук отколку вистината за убиениот Саздовски

Лицемерието на Оливер Спасовски: Поважен му е бројот на фанови на Фејсбук отколку вистината за убиениот Саздовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, три дена молчи за убиството  на Никола Саздовски Саздо, не се појавува ниту во медиуми, ниту одржа прес-конференција ниту објави Фејсбук статус. Последната објава му од пред некој ден кога се заблагодари за поддршката на 39.000 членови.

Додека  Македонија е во траор, Оливер Спасовски се радува на “фанови“  на Фејсбук , наместо да даде свој став во врска со ова свирепо убиство кое среде бел ден се случи во Скопје и да одговори на повиците за негова оставка. Тоа наиде и на остра осуда од јавноста.

Единствено со реакција во негова одбрана, ако може тоа така да се толкува, излезе СДСМ кои што сметаат дека е бесрамно да се злоупотребуваат трагични настани и подгрева тензии меѓу граѓаните. Од друга страна Оливер Спасовски само до пред некоја година дена, беше многу гласен околу случајот со Мартин Нешковски и тогаш тоа за неговата партија не беше сметано за бесрамна злоупотреба на трагични настани за политички цели.

Еве како изгледаше кога Спасовски коментираше за случајот Нешковски и кога на СДСМ не им пречеше тоа.

На 5-ти мај 2015 Оливер Спасовски напиша: Одговорност мора да понесе првиот човек во МВР, Гордана Јанкулоска и сите вмешани во прикривањето на убиството како и оние кои знаеле за тоа а молчеле. Одговорност мора да понесе обезбедувањето на Груевски и лично Никола Груевски.

На 6-ти мај 2015 година Оливер Спасовски напиша: Реакцијата на македонската полиција против сопствениот народ е најголем срам за МВР и Владата на ВМРО-ДПМНЕ!Институциите коишто ги финансираат граѓаните преку даноци,такси,казни треба да се нивен сервис и заштитник!Затоа припадниците на МВР треба да знаат дека интересот на граѓаните е врвен приоритет во секое демократско општество.Државата Република Македонија е НАРОДОТ а не власта!

Тој дури и протестот во мај пред 3 години го најави со видео на кое беше искористена снимката од погребот на Мартин Нешковски.