недела, 29. март 2020. Вести денес: 18
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Лице од Пробиштип наместо во самоизолација харало низ Скопје

Лице од Пробиштип наместо во самоизолација харало низ Скопје

Лице од Пробиштип со престојувалиште во Скопје ниту еден ден не ја почитувал изјавата за задолжителна самоизолација. Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Од ЈО соопштија дека по престој во Австрија, како земја со среден ризик за ширење на коронавирусот Ковид-19, обвинетиот на 20 март се вратил во земјава. На граничнот премин Табановце потпишал изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација во период од 14 дена во станот во кој престојувал во Скопје. Веќе следниот ден, на 21 март, полициски службеници при извршената проверка не го затекнале во домот.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на лицето да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.