сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Вести

Лицата со попреченост од пред Министерството за труд и социјална политика до власта: Државата има пари и е должна да обезбеди „Живот за сите“

Лицата со попреченост од пред Министерството за труд и социјална политика до власта: Државата има пари и е должна да обезбеди „Живот за сите“

Предлагачот на Законот, во овој случај Министерството за труд и социјална политика, во петок по кратка постапка се обидува да протурка закон во кој лицата со попреченост би ги ставило во уште неповолна положба, условувајќи ги со парични надоместоци, а истиот не земал во предвид оваа категорија граѓани не се ослободени од партиципација при болничко лекување , иако во меѓувреме Владата донесе одлука за поскапување. т е покачување на партиципацијата за 50%, ова денеска го порача Бранкица Димитровска од Здружението Хендикеп пред Министерството за труд и социјална политика.

-Со надоместокот за попреченост –познат како додаток за мобилност во висина од 7.000 денари Социјалната инклузија не постои за лицата со попреченост и нивните семејства, социо-економскиот статус на оваа категорија на граѓани е многу низок, ангажманот на институциите е недоволен, не постои меѓусекторска соработка меѓу институциите, а социјалната заштита е минимална. Предлог Законот за социјална заштита има одредени неправилности и ограничувања-условувања за користење поддршка и помош со што уште повеќе ја влошуваат социо-економската состојба на лицата со попреченост и нивните семејства, но и ненамерно ја поттикнува потребата од сместување во институции на лицата со попреченост. Од осамостојувањето до денес, евроатлантските интеграции се приоритетна определба на Република Македонија, потенцира Димитровска.

Таа додава дека дневно, политичките прашања се во фокусот на вниманието, за сметка на социјалниот развој и унапредувањето на човековите и граѓанските права на лицата со попреченост и нивните семејства.

-Во 2011 година, Собранието ја ратификува Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попречености и истата е влезена во член 118 од Уставот на Република Македонија и има обврска да ги спроведува нејзините одредби, но воведувањето на препораките од ОН Конвенцијата воопшто не се запазени во овој предлог закон за социјалната заштита .Клучната цел на промените кои ги бараме е можност за достоен живот , да направи цена на чинење ,т.е да го земе фактот , бидејки лицата со хендикеп за разлика од своите сограѓани кои се без хендикеп- имаат поскап живот , и тие 7.000 денари воопшто не ги задоволуваат стандардите за достоен живот, бидејќи повеќето од нас пола од овие 7.000 ден ги трошиме на лекарства, редовни медицински прегледи со партиципација , и поради непристапната инфраструктура приморани сме да користиме такси или да ангажираме возила , за останатите давачки кон државата , исто така не сме ослободени од ДДВ, плаќаме комунални сметки , за храна која ја препорачуваат лекарите – ни оддалеку не можеме да си дозволиме , СО ОВА ЦЕНИМЕ дека Предлагачот на Законот не создава услови и средина Не водејќи сметка за заштита од исклученоста и не борејќи се против сите форми на дискриминација .Затоа апелираме до Пратениците од сите политички партии , да ги земат во предвид нашите забелешки кои уредно им се доставени и истите да ги предложат како амандмани до предлагачот на законот и кој на истата седница би ги изгласале,истакнува Димитровска.

Таа додава и тоа дека државата НЕМА ПАРИ –не го прифаќаме како оправдување. Државата има пари и е должна да обезбеди „Живот за сите“, доколку нашите предлози не поминат на седницата , тогаш Македонија ќе докаже дека е дискриминирачка држава по основ на хендикеп каде оваа група граѓани не ги уживаат сите бенефити како останатите свои сограѓани.