недела, 19. септември 2021. Вести денес: 45
home Вести

Лицата со попреченост излегоа на протест: Ова се нивните барања до Владата

Лицата со попреченост излегоа на протест: Ова се нивните барања до Владата

Од Владата до Собранието со протестен марш, Коалицијата „Менуваме“, изрази револт за неправдите со кои се соочуваат лицата со попреченост.

Време е, истакнаа учесниците на протестот, да бидеме прифатени онакви какви сме, различни но еднакви.

-Дел од од нашите барања се веднаш сега, Владата на Република Македонија додатокот што ни следува од 7.100 да се покачи на 12.000 денари. И во следните две години истиот додаток за попреченост да ја достигне минималната плата во државата. Бараме изедначување на родителските, односно згрижувачките права, за родителите на деца со посебни потреби. Бараме права за асистените на лицата со попреченост, рече  претседателот на Коалицијата „Менуваме“, Суаред Алиша.

Тој наведе дека бараат да се отстрани старосната граница за ортопетските помагала. Побара на товар на Фондот да бидат ставени белите стапови, кои го користат слепите лица, како и мерачите на притисок и на шеќер.

-Сакам да ја демантирам министерката Шахпаска, бидејќи ние никаде во нашите барања не зборуваме за инклузивност, не зборуваме за никаква програма, туку нашите цели се јасни, се базираат врз база на системски законски и подзаконски акти кои што треба државата да ги надополни, рече Алиша.

Тој потенцираше дека излегле на протест да ги побараат нивните права, кои како лица со попреченост треба да ги уживаат.

Посочи дека нивните барања утре ќе бидат доставени во Владата, а од оттаму ќе заминат во „Жена парк“ да кампуваат. Исто така, додаде, дека ќе блокираат и сообраќајни коловози и автопатишта.

–Ние ја запознавме меѓународната јавност, односно сите амбасади во нашата држава, затоа што сакаме навистина да дадеме силен придонес за сегашните и идните генерации. Во земјава има 120.000 лица со попреченост, кои имаат некаков хендикеп, нагласи Алиша. (МИА)

Коронавирус