понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 155
home Вести

Лицата кои вчера беа вербално нападнати, повикани во МНР: Добија извинување поради говорот за омраза

Лицата кои вчера беа вербално нападнати, повикани во МНР: Добија извинување поради говорот за омраза

Денес во Министерството за надворешни работи државниот секретар Зоран Попов ги прими и упати извинување до претставниците на невладина организација од Република Кореа кои беа изложени на вербален акт на нетрпеливост и ксенофобија во центарот на Скопје.

-Остро го осудуваме овој изолиран чин на говор на омраза, расизам, ксенофобија и нетолеранција, што се коси со темелните вредности на македонското општество и очекуваме надлежните органи да го откријат и соодветно санкционираат сторителот. Борбата против говорот на омраза, расизмот, расната дискриминација, ксенофобијата и други видови на нетолеранција треба да биде една од најважните вредности на нашето општество, особено имајќи ја предвид неговата мултикултурална димензија. Таа борба треба да биде императив на сите институции, но и на граѓаните на нашата земја, се наведува во соопштението од МНР.

 

Коронавирус