понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 150
home Вести

Лицата кои пријавуваат кривично дело во полициски час, нема да се санкционираат

Лицата кои пријавуваат кривично дело во полициски час, нема да се санкционираат

За време на ограничувањето на движење не се санкционираат лицата кои пријавуваат кривично дело, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во врска со барањата што во јавноста беа изнесени од невладини организации, МВР информира дека граѓаните кои сакаат да пријавата кривично дело тоа треба да го сторат на бесплатниот телефонски број 192 или во најблиската полициска станица и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица. Истото важи и за граѓаните на кои поради извршено насилство или друго кривилно дело им е потребна помош во здравствена установа, значи за тоа не е потребна посебна дозвола.

Од МВР посочуваат дека институциите функционираат без исклучоци за заштита на граѓаните и по сите пријави за семејно насилство се постапува координирано со тимовите на центрите за социјална работа.

Најнови вести

Коронавирус