недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Леон Стефановски: Што ако можеше да проговори нашето знаме?

Леон Стефановски: Што ако можеше да проговори нашето знаме?

Прво би сакал да започнам со она најактуелното, со изборите и изборниот резултат. Јасно е како бел ден дека овие предвремени парламентарни избори заедно со себе го донесоа најголемиот изборен фалсификат и изборен поткуп во овие 30 години. Јасно е дека овие 10ти парламентарни избори ќе бидат запаметени токму по тие нерегуларности. И јасно е дека повторно губитници сме ние Македонците и Македонија. Зошто сме ние губитници? Бидејќи македонскиот синдром никако да не напушти…

Секогаш сме страдале од сопствените луѓе, и за жал мислам дека тоа тешко може да се промени. Значи изборите донесоа пат ситуација со самата изедначеност помеѓу двете најголеми партии во Македонија. Фактот дека изедначеноста е еднаква на пораз во однос на заштитата на националните интереси, ги прави нештата уште погорчливи за Македонецот. Но мислам дека таа горчина ќе биде прав шербет доколку не ја смениме траката по која се движиме, ќе биде шербет бидејќи нештата што не очекуваат се многу потешки одошто оние кои ги претрпуваме со децении… Пат ситуацијата исто така претставува големо добредојде за албанските партии, бидејќи условите коишто ќе ги постават под таква пат ситуација ќе бидат многу големи односно тешки залаци за тесното грло на Македонецот.

Она што ме интересира е , дали алчноста за фотелјата ќе биде поголема од тесното грло на Македонецот!? Ако ме прашувате мене? Да, ќе биде! Познавајќи голем дел од политичарите и нивните карактери, не ми оставаат простор за сомнеж околу тоа прашање. Е сега, за да не биде апла работата, со Албанец премиер, меѓународната заедница или меѓународните фактори ќе ги „ фатат за уши” лидерите на албанските партии и ќе ги „попеат” за тоа дека нивните потези се многу агресивни, и дека тие би можеле да бидат главни причинители за нови засилени меѓуетнички тензии, ја слушнавме и тезата на формирање на албанска влада. Со самото тоа „пеење” тие веднаш ќе ги скротат условите, без притоа да го намалат својот апетит. Мислам дека одењето на Али Ахмети во Хаг не претставува ништо друго освен потврдување на моите тези… Кога сме кај меѓуетничките тензии, мислам дека тоа прашање е многу комплексно и дека треба да му се посвети големо внимание. Тоа прашање е само парче од мозаикот за разнебитување на Македонија.

Прво и основно мора да има попис во Република Македонија, второ мора да се искорени големата привилигираност кон една етничка заедница, не може да се фаворизира одредена етничка заедница заради уцена, или заради интерес односно заради гласови на контото на одредена партија. Не велам дека треба пропорционално да се вработуваат луѓето од било која етничка заедница, јас секогаш сум бил тука да се борам за вистинските кадри или вистинскиот квалитет да го добие заслуженото. Не сакам некоја купена диплома да биде попривилигирана од некој што добил прстен заради големиот успех и труд вложени во своето образование. Затоа образованоста е сила, образованоста е моќ јас би рекол. Не може од 20% Македонци односно етнички Албанци 2/4 или 3/4 да бидат вработени во државни институции. Тоа не е случајност, јас сум сигурен дека во албанската етничка заедница има квалитет, но мислам дека тој квалитет не може под никој случај да ја помине бројката или процентот од 2,3… И секогаш се прашувам зошто, кога вака ќе настапи некој со факти, зошто веднаш се смета за провокатор или причинител за тензии. Не, пред фактите и боговите молчат, а таков причинител е начинот на гледање на голем број на луѓе од етничките заедници а богами и од алчните души и големите апетити на политичките лидери на тие заедници. Само еден предлог на Љубчо Георгиевски во неговата политичка кариера го сметам за паметен, а тоа е предлогот за размена на територии, што сега ќе се покажеше како најлогичен! Моето право на патриотизам и бранење на државата секогаш било сметано за фашизам, а доколку тие ми ја уништуваат државата во секој смисол тогаш тоа е во ред. А доколку јас се спротиставам на тоа, тогаш сум фашист!? Ајдее мајката, многу паметна работа…

Блаже Конески рекол „ Големо ни е името, ќе сакаат да ни го земат”. И тоа и се случува, со помош на меѓународната заедница и нивната продолжена рака во нашата држава, тоа полека но сигурно го прават. Можеби ќе ви звучи прегрубо, но доколку јас би имал некоја клучна политичка улога, би направил важните одлуки како онаа од Референдумот да ги носат луѓето со едно државјанство и притоа како дополнителен услов, местото на раѓање да им биде во Македонија. Значи секој да може да гласаш и Македонец, Албанец, Турчин, но притоа да ги исполнува тие два услова. Сѐ со цел зачувување на националните интереси и идентитет, бидејќи човек што не го поминал својот живот тука, човек што не се хранел од оваа држава и човек што не го интересира твојата историја, според мене, не би требало да го ужива тоа право. И како за крај на делот со етничките заедници, сакам да ја земам за пример нивната сплотеност во остварување на нивните цели, е таа сплотеност може да му служи за пример на Македонец коишто навива за метастазирање на државниот рак…

Од таквите случувања произлегува и мојата теза за укинување на етничките партии, и дејствување единствено преку национални партии, ама ќе речете не постојат национални партии и партиите се граѓански а не етнички, епа размислите што се случува и потоа кажете ми дали се граѓански или дали се етнички. А јас ќе бидам тука да ви ја објаснам фигуративноста на поимот „граѓански” партии.

Dulce enim etiam nomen est pacis.

Левица освои околу 38 илјади гласа. И сите велат дека тој изборен резултат се должи на нивната заложба за поништување на „Преспанскиот договор”. Таа заложба повеќе пати ја повторуваа, и во една емисија Апасиев кажа дека не гледа ништо десничарски во тоа да си ги брани националните интереси, што е факт за мене. Но вчера исто така во емисија кажа дека „ Преспанскиот договор” е договор што не може да се поништи за 1,2,3 години, ами дека тоа ќе трае 4,5 па можеби и десет години, сакаше да каже дека државата нема сила за такво нешто. И за пример го зеде Панко Брашнаров и Киро Глигоров, Киро 40 тите години му правеше одредени записи на Панко во процесите за креирање на АСНОМ и потоа доживеа 50 години подоцна да прогласи независност на својата земја. Значи 5 децении подоцна. И со паралелата што ја направи што не е јасно? Преспанскиот договор е крајно штетен но е договор коишто е успешно имплементиран и со коишто нашата земја изминатите 2 години дејствува на домашно и меѓународно поле. Тој е договор коишто е заведен во ООН и договор коишто го поддржа меѓународната заедница, договор со заради коишто влеговме во НАТО, што значи дека тој договор го држат цврсти конци, а не пајажина. Мене ми беше малку чудно кога излегоа реакции по социјалните мрежи за таквата изјава на Апасиев, тоа е комплексна ситуација и факт е дека со долг и добар процес може да се реши, но сигурно не може да се реши за миг. Значи тој процес на поништување на Преспанскиот договор ќе трае со години. И тука не гледам ништо спорно. Кој и да формираше стабилна влада, немаше да го поништи договорот во првите две години на владеење и тоа ви го тврдам! Друго што ми беше несфатливо е тоа што луѓето се чудат и дури критикуваат за поддршката на Апасиев. „ Ама ќе донел НОВ СОЦИЈАЛИЗАМ”, „ Ама неговите економски политики се темелат на економските политики од СОЦИЈАЛИЗМОТ” „ Ама ќе ги изедначел правата на ЛГБТ со сите нормални човечки права”. Зарем јас мислите дека не го знаев ова? Зарем јас како десничар го подржувам Апасиев заради овие заложби? Зарем овие заложби не ви беа јасни, не ви беше јасно дека левичарската идеологија секогаш ги имала ваквите заложби? Зарем не читате дека партијата се вика ЛЕВИЦА?. Не, јас го подржувам Апасиев како правник и како човек што иако е левичар се залага за зачување на националните интереси и интересите на мнозинството во државата, го подржувам како левичар, како човек доследен на идеологија. И СДСМ е левичарска партија, барем фигуративно, но знаете што мислам околу нив, тие се опасна циркус партија, а не левичари! Го подржувам бидејќи мислам дека би било многу подобро сите партии идеолошки да ја водат политиката. Само мислам дека апсурдно би било луѓе коишто до вчера се чукале во гради и викале ВМРО, луѓе коишто се претставуваа како екстремно десни, да гласаат за Левица, е тоа би било навистина апсурдно! Но во држава во која сѐ е можно, јас би рекол Ab assuetis non fit passio.

Веќе неколку пати во моите претходни колумни сум направил хронологија на нашата историја, на нашата понова историја, бидејќи ако правам хронологија на македонската историја од времето од коешто е позната за историчарите, ќе ми треба најмалку месец дена. Па затоа да не се повторувам во тој контекст. Само сакам да си го поставам прашањето на кое однапред имам илјадници одговори. „ЗОШТО СМЕ БИЛЕ БИЕНИ ВО ВРЕЌА, И ПРИТОА НЕ НИ БИЛО КАЖАНО ЗОШТО?”. Имам многу контра прашање и одговори на ум. „Зошто сакаат да се чувствуваме среќни кога наместо со тупаница не малтретираат со шлаканица?” Јас имам такво чувство, дека треба да бидеме среќни кога добиваме шлаканици наместо тупаници…

Секогаш се ежам кога ќе ја видам картата на Македонија во најголемиот подем со Македонија со Александар Македонски, но во исто време се ежам и со фактот дека секогаш сме страдале од сопствениот народ и од луѓето коишто се хранат од оваа земја а 24/7 плукаат по неа, и главната цел им е сценарио на разнебитување на Македонија. Е тоа ежење ми прави уште поголеми немири во душата.

Но тука ќе ви го кажам ова, fas est et ab hoste doceri. Од тоа најмногу се учи.

И за крај би сакал да ви кажам дека доколку самите Македонци не си ги штитиме националните интереси, и немаме почит кон минатото на нашата Македонија, никој нема да го направи тоа за нас, замислете што ќе ни кажеше нашето сонце од знамето доколку можеше да проговори? Од 16 падна на 8 краци,( Не знам колкумина од вас знаат што симболизираат 16 краци) ќе дозволиме да остане само топка без краци? Ќе оставиме да останеме народ без грб и лице? Без чест?

Ќе останеме недостојни жртви на историјата или ќе го докажеме наишот Македонски ген?

Јас знам што ќе се случи, но како велат:

FINIS CORONAT OPUS

Коронавирус