среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 91
home Вести

Леон Стефановски: Без’ рбетната и дегенерична политика спакувана во манипулативна европска кутија со квази левичарска панделка

Леон Стефановски: Без’ рбетната и дегенерична политика спакувана во манипулативна европска кутија со квази левичарска панделка

Кога гледаш какви сѐ нѐ луѓе можат да дојдат до многу важни позиции во општеството и да си играат со минатото,  иднината, и волјата на еден народ, искрено да ви кажам, страв ме фаќа. Луѓе со маски на нивните лица, онаа тезата што ја споменуваме „ луѓе од народот, за народот ” овие како за чудо, делуваат ни како да се од народот, а уште помалку за народот. Најискрено делуваат како изроди. Замислете која тортура и каква слика е на еден чесен и достоинствен народ, да му се инсталира изрод за го води. Да му се инсталираат луѓе кои не знаат што се вредности и почит кон достигнувања и жртви, да му се инсталираат луѓе кои мислат дека компромисот има иста тежина со животот на некоја историска личност, луѓе кои одат спротивно на волјата на оние од кои се хранат и богатат секојдневно. Луѓе, ( НЕ ) луѓе…

Ме убива помислата дека квази левичарската мисла владее со без ‘ рбетниците во Македонија. Ме убива бидејќи нејзината главна точка околу која се лепат сите останати глупости гласи „ 21 век сме, срамно и провинцијално е да гледаме во историјата “. А она во кое сум сигурен околу тоа е дека луѓето кои се ориентираат по таа мисла се истите оние кои не прославуваа и се гадеа од осамостојувањето на Македонија, истите оние кои кажуваат дека Тито ја створил Македонија во 45та година, оние кои не го изговараат името на државата, итн…

За сѐ како што има почеток, така има и крај, но штетата што ја преживеа Република Македонија е толку голема што нема да може да го дочека нејзиниот мирен крај. Затоа некој мора да каже стоп! Да каже стоп, за да остане некоја тронка надеж, како што и секогаш останува. А да можеа? Ве уверувам дека и таа ќе ни ја земеа.

„Надежта најмногу се појавува по поразот и неуспехот, бидејќи тогаш се произведува внатрешната сила и цврстина.“ – Фриц Нап

„Но, некако знам дека само тогаш кога е доволно темно можете да ги видите ѕвездите.“ – Мартин Лутер Кинг Јуниор

Сега надежта мора да ја имаме во себе, да ни биде водилка во темната борба за да останеме свои на своето. За да ја оттргнеме Македонија од позицијата на жртва на модерното време и модерните сфаќања, да ја тргнеме од траката на која времето ги гази недостојните и неспособните. Да се избориме за себе!

За некои работи нема компромиси и откажување во животот. Некои работи немаат цена и имаат само датум на создавање. За тие работи мора да се грижиш и да се бориш, и само така да докажеш дека си нивен достоен наследник. Она околу кое сакам да зборувам е македонскиот идентитет и историја, вечна битка без која нема иднина. Јас секогаш сум го велел тоа, без минато и историја, без нешто за кое можеш да зборуваш и да се опишеш себеси, иднина нема! Има само залутана држава која кога и да е, ќе удри во некој ѕид. Е, таква тема е Гоце Делчев, човекот кои својот живот го дал за неговите коски да почиваат во неговата желба, во неговата идеологија, Македонија! Тоа е човек кој пред повеќе од еден век го сфатил светот и суштината на постоењето, сфатил дека има работи кои ќе те разочараат, живот со кој мора да се бориш, но и идеологија за која само храбрите срца се спремни да престанат да чукаат! Сфатил за најголемиот рак на македонштината, за синдромот на предавство и дегенеричноста но и покрај тоа бил спремен да се бори? Зошто? Јас мислам заради надежта на едно чесно, достоинствено и храбро срце! Не можам а де не ги цитирам неговите најпознати размисли.

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков

пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“

„Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија

на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата – или ќе водиме говеда на касапница.“

„Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива.“

„Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце.“

„Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?

„Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух.“

„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.“

„Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население.“

„Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.“

„Македонија има свои и нтереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“

Модерниот свет и прогресивната политика се темелат на тезата на Гоце за културен свет за натпревар меѓу народите, но не со закани и уцени, не со услови!

Сум ги читал неговите размисли стотици пати, сум читал книги и сум слушал сведоштва за него, и секогаш сум се восхитувал на неговата природа, природа многу чудна и непозната за македонскиот народ во тоа време. Народ заслепен со преврската на ропството. И сега, тоа што го пишував на почетокот на колумната, без’ рбетниците пробуваат да му ја продадат на народот манипулативната европска кутија со квази левичарска панделка. И повторно го лажат, бидејќи таа кутија е празна, ја отвараш таа кутија и постепено го губиш идентитетот и образот, ја губиш државата, се губиш самиот себе. Тие ќе ти ја продаваат кутијата со најразлични тези „ Гледаме напред ” „ Чекориме кон сигурна и стабилна иднина ” „ Историските личности се бореле за ова ” „ Неодговорно е да не ја прифатиш кутијата ” итн… Нормален човек би добил поинаква боја на неговото луѓе, на неговите образи бидејќи лаже, би се поцрвенил. Но што ќе им се поцрвени нив? Образот што го немаат? Совеста која ја немаат? Здравиот разум или пак нивната модерна квази левичарска идеологија? Што?

И сега мислат дека можат да го поминат и ова, против желбата на народот, народот кој јасно и гласно секојдневно кажува „ Гоце е идентитетот!” „ За Гоце нема компромиси ” „ Гоце е Македонија “. Ќе се избори за Гоце! Мора! Но важно е да не го правите при очи слеп, и при уши глув. Бидејќи работите околу Гоце многу добро се знаат и се познати за пошироката македонска јавност. За експертите во таа област воопшто и да не зборуваме, но за нив имам нешто малку подоцна. Јас воопшто не би преговарал за Гоце Делчев под никој услов и за никоја заслуга но би им дал до знаење за неколку работи. Прво, сите историски факти, сите историски учебници до пред некоја година најексплицитно ја раскажуваа неколку милениумската македонската историја, раскажуваа за Гоце, така се образовани скоро сите генерации во самостојна и независна Македонија. Второ, од неговите размисли се гледа дека зборувал и дејствувал само за Македонија, тоа што многумина велат дека се декларирал како Бугарин е една контроверзна теза за која има едно логично објаснување, неговата декларација како Бугарин е објаснета со тоа дека во тоа време Бугарија била моќна, а и факт е дека најблиска земја на Балканот ни е таа, па практично кога декларацијата како Македонец е невозможна, а декларација е неопходна за понатамошно дејствување, логично е тој да го направил тоа. Како трето неговата внука Катерина Трајкова Нурџиева, кажува како тој дејствувал за Македонија, открива многу тајни и притоа додава дека Гоце би се превртил во гробот ако дознае дека се зборува за тоа дали бил Македонец. Откако таа кажува за него, знаеме дека неколку пати и бил провален станот. Потоа како факт би го навел префрлањето на коските. Исто така на саркофагот на кој на предната страна била врежана заклетвата на македонските генерации да ги пренесат коските на Гоце во престолнината на Македонија е непобитен факт. Значи пренесувањето на коските 1946 година е само еден од многуте факти, за кои очигледно некој се прави слеп. Секаква дебата за Гоце е бесмислена според мене!

Околу историчарите, мора да ги поздравам сите кои се обединија под фактот дека формирањето комисии врз основа на политички билатерални договори не може да има научна легитимност и не треба да има пресудно влијание врз академската, но и врз пошироката јавност во Република Македонија. Ги поздравувам сите кои се потпишаа на тој колективен, професионален историски став.

За Гоце мора да се избориме, покрај тоа што изгубвиме неколку битки, мора да им помогнеме на квази левичарите да ги променат сликите од подрумот со Гоце и да ги фрлат оние од Тито. И да им објасниме дека со „  другари и другарки ” , „ нашата земја ” „ Северна ” ќе се најдат на црната страна на историјата и во најлошите и најцрните сеќавања на колективната меморија.

Колумна на Леон Стефановски

Коронавирус