среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ленче, Фатиме или в.д. не можат да бидат специјални – потребен е нов човек за шеф на СЈО

Ленче, Фатиме или в.д. не можат да бидат специјални – потребен е нов човек за шеф на СЈО

Обвинителките Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи или кој било обвинител назначен како вршител на должноста не можат да ја преземат функцијата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и наместо неа да застанат на чело на СЈО, сметаат универзитетските професори Гордан Кајалџиев и Димитар Апасиев. За да може да функционира СЈО уште една година, до истекот на мандатот, потребно е да биде констатирана оставката на Јанева, а потоа со консензус на четирите партии да се донесе нов човек кој ќе ја преземе нејзината функција.

Нејзините помошнички немаат никакви шанси, ниту правни, ниту било какви, некоја од нив да застане да го води тоа обвинителство. Треба што е можно побрзо, да се донесе консензус за нова личност по законот за СЈО, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев за Алфа.

Сè е специјално во СЈО, смета Димитар Апасиев.

Се е специјално во СЈО, имате принцип господар и бог, без главниот специјален обвинител, другите немаат никаква функција, смета Димитар Апасиев, а и двајцата се согласуваат дека делување во насока на разрешување на Јанева ќе чини многу време – неколку месеци.