четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 1
home Вести

Лекот Молнопиравир ќе го има во Македонија

Лекот Молнопиравир ќе го има во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот Молнупиравир, единствен лек против Ковид 19. Министерството проактивно стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

Лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.

Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против Ковид 19 не може да се споредуваат. Вакцините против коронавирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход.

Вирусот Ковид 19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на SarsCoV2, велат од МЗ.

Коронавирус