недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Лекот „Фавира“ пристигна во Македонија – една кутија чини 4300 денари

Лекот „Фавира“ пристигна во Македонија – една кутија чини 4300 денари

Матичните лекари не знаат колку дози од лекот „Фавипиравир“ треба да се препишат на пациент позитивен на коронавирусот и во кои случаи истиот треба да се дава.

Никој не ги комуницирал за овој лек кој веќе е нареден низ аптекарските рафтови низ земјава. Канал 5 стапи во контакт со неколку матични лекари што не сакаа да говорат јавно, но потврдија оти не знаат ниту дека овој лек е достапен во Македонија. Д-р Ненад Лазаров во писмен одговор за Канал 5 потврдува дека официјален допис за препишување на лекот „Фавира“ не стигнал ниту до неговата ординација.

-Апсолутно немаме никаква комуникација, матичните лекари се безмалку екскомуницирани. Ниту за овој, а ниту за други лекови официјално немаме ништо добиено.-Д-р Ненад Лазаров.

Директорот на Агенцијата за лекови за Канал 5 вели дека „Фавира“ е пуштен во малопродажба, и додава оти Министерството за здравство е институцијата што дава насоки за постапување во однос на употребата на лекот.

Од Агенцијата порачуваат лекот да не се зема на своја рака. Но, од прошетката низ неколку аптеки низ земјава дознавме дека веќе има побарувачка за „Фавира“, па граѓани без рецепт биле подготвени да платат и да го земат.

Лекот „Фавипаравир “ или „Фавира“ …..чини безмалку 4300 денари, ама фармацефтите велат дека без рецепт не смее да се даде иако лекот не е на товар на Фондот.

„Фавипиравирот“ е лек за којшто се водат бројни студии, близу 30 студии во светот, но се смета дека помага во раната фаза на зараза со коронавирусот.

извор: kanal5.com.mk

Коронавирус