петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Лекарот Кокали 5 дена ги чека резултатите за коронавирус: Нервозен сум, барам поголема ажурност од медицинските служби

Лекарот Кокали 5 дена ги чека резултатите за коронавирус: Нервозен сум, барам поголема ажурност од медицинските служби
Педијатар.мк

На 7 март имал контакт со нулти пациент, односно со првиот заразен пациент со Ковид-19 во Дебар. Од овој контакт, и дебарскиот лекар, Илбер Кокали се зарази со коронавирусот. Како што вели за ТВ21, малаксаност почувствувал по два дена, на 9 март, објавува ТВ 21.

„Ден нулта како што велиме, беше 7 март, утрото, некаде околу 9 и пол, кога го посетив нултиот пациент, бидејќи немавме информација дека може да имаме таков случај, бидејќи од семејни причини, тие денови бев во Скопје. По 1 часот попладнето, со нашиот колега дознавме дека во нашиот град гравитираат малку вакви пациенти. На 9 март, по 48 часа почнав да чувствувам малку малаксаност и лесна температура, субфебрилна некаде околу 37.5 и никаков друг симптом. Мислев дека ми е од претеран умор“, изјави Илбер Кокали – лекар заразен со Ковид 19.

На 11 март се пријавил во Заводот за здравствена заштита за рутински тест. Го прашале дали има симптоми, а Кокали кажал дека нема. Бидејќи немало доволно тестови, одлучиле да не го тестираат тој ден. Тестот бил направен по 3 дена, на 13 март.

„На 13 март, направив тест и резултатите ги добив на 14 март доцна вечерта, дека сум позитивен“, додава Кокали.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

Најнови вести

Коронавирус