вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Лекарка и медицинска сестра во Кавадарци заразени со коронавирус

Лекарка и медицинска сестра во Кавадарци заразени со коронавирус

Лекарка – специјалист и медицинска сестра од Општа болница Кавадарци се новите случаи на ковид-19 во Тиквешијата, потврдил за МИА Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центар за јавно здравје Кавадарци.

„Лекарката е без симптоми, додека медицинската сестра со средна клиничка слика се наоѓа на Инфективното одделение во Велес“, изјавил Јовановски.

Според Министерството за здравство, во Градската општа болница „8 Септември“ тројца анестезиолози, тројца интернисти, 25 медицински сестри, ангажирани на одделенијата каде се лекуваат позитивни и сомнителни случаи и пет болничари се заразени со коронавирус.

На Клиниката за инфективни болести заразени се двајца здравствени работници, а други двајца кои се оздравени, се вратиле на работа.

Локални избори 2021