четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 156
home Вести

Лекарите од штипска Клиничка болница бараат да им се исплатат дежурствата согласно колективниот договор

Лекарите од штипска Клиничка болница бараат да им се исплатат дежурствата согласно колективниот договор

Над сто лекари од штипската Клиничка болница се закануваат дека ќе тужат, а некои од нив и почнале судски постапки во Основниот суд во Штип, бидејќи околу десет години не им се исплаќани пари за дежурства согласно колективниот договор.

Раководството на Клиничка болница-Штип одржало состаноци со лекарите на сите одделенија, кои испратиле и официјален допис, со кој си ги бараат парите што им следуваат. Предмет на анализа во моментов се дежурствата во изминатите три години, а првичните проценки се дека на лекарите од штипската Клиничка болница треба да им се исплати сума од околу 123.000 евра.

Раководството на Клиничка болница-Штип потврдува дека до нив е пристигнато вакво барање од страна на лекарите, а како што велат секојдневно се и зголемува бројката.

– Празвиме анализа. Утврдуваме дали или не биле прекршени одредбите од колективниот договор, во однос на исплатата на дежурствата. Тогаш ќе знаеме за која сума се работи по што и ќе бараме конкретни решенија, велат од раководство на штипска Клиничка болница.

Најнови вести

Коронавирус