понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 186
Во живо

Следете во ЖИВО прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Лекарите ја напуштаат Македонија, а Филипче уште ги критикува претходниците

Лекарите ја напуштаат Македонија, а Филипче уште ги критикува претходниците

Само годинава од Детска клиника си заминале тројца лекари. Проблемот е што нема специјалисти, а нема ни кој да ги учи младите за да станат педијатри, објави ТВ Алфа.

Недостатокот на кадар го затвори и Ургентниот центар на детска клиника кој беше единствен од ваков вид во државата. Од клиниката велат дека ќе го пуштат во функција, но кога ќе има кадар.

-Тогаш кога ќе имаме и специјалисти по педијатрија и среден медицински кадар, ќе го пуштиме во функција, вели директорката на детска клиника, Катарина Ставриќ.

Министерот Венко Филипче, уверува, и без Ургентен, детска клиника функционира.

Освен педијатри, се намалува бројот и на анестезиолози и гинеколози. Во одредени специјалности има по три до четири пати помалку кадар отколку што реално е потребен.

Во неколку наврати министерот Филипче, вината за недостаток на кадар ја префрла на поранешните лоши здравствени политики.

Претходно, Филипче му беше советник на екс-министерот за здравство Никола Тодоров.

Коронавирус