четврток, 22. април 2021. Вести денес: 118
home Вести

Лефков:Заев го постави Бучковски како стечаен управител од транзицијата и по теркот на 90-тите целосно ја приватизира меѓународната политика

Лефков:Заев го постави Бучковски како стечаен управител од транзицијата и по теркот на 90-тите целосно ја приватизира меѓународната политика

Во денешното издание на “Неделен брифинг” на Инфомакс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков околу договорот со Бугарија истакна дека власта направи целосна приватизација на меѓународните и дипломатски односи. Владо Бучковски како стечаен управител е поставен да ги средува односите со Бугарија.

-Станува збор за едни политичари кои доаѓаат од периодот на транзицијата. Поучени од тоа искуство, тие сега направија приватизација на меѓународните односи. Сега дипломатијата во државата ја има судбината на општествениот капитал која што ја имаше во 90-тите. Сега Зоран Заев истата таа формула успеа да ја рециклира да ја оживее и имаме целосно приватизирана дипломатија на Македонија и тоа е основниот проблем. Додека од бугарската страна, гледаме дека нивните ставови се аргументирани со декларации коишто ги донесоа во Собранието. Зошто истото не се случи и во Македонија?, праша Лефков.

Според него, власта успеа на една цела дипломатија да постави стечаен управител – Владо Бучковски и постои акционен план со кој никој не е запознаен. Тоа за жал ни се случи и со името.

-Најсимптоматично за мене со бугарскиот договор за добрососедство е членот 2, во кој се вели дека Бугарија ќе ги дава своите добри искуства за влез во ЕУ. А потписник на сето ова е Никола Димитров, човекот кој беше во тимот кога Македонија го доби спорот со Грција поради тоа што ја прекрши времената спогодба. Во спогодбата пишуваше дека Грција нема да стави вето. Значи Никола Димитров добро ја знае силата на таа одредба. Зошто токму таа формулација не била употребена во договорот со Бугарија. Токму тука ја гледам целата малициозност, посочи Лефков.

Коронавирус