недела, 11. април 2021. Вести денес: 100
home Вести

Лефков: Во граѓанската иницијатива против пописот собрани се над 100 илјади потписи, а во Собранието се подготвува закон за негово укинување

Лефков: Во граѓанската иницијатива против пописот собрани се над 100 илјади потписи, а во Собранието се подготвува закон за негово укинување

Ако ние направевме консензус кога се носеше законот, воопшто ќе немаше потреба од перцепција за победници наспроти губитници, која воедно сака да ја наметне власта, и токму во таа насока се чекорите на ВМРО-ДПМНЕ, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во вчерашната емисијата „Програма 200“ која се емитува на телевизија Алсат.

Тој појасни во акцијата која тие ја покренаа за собирање на граѓански потписи за укинување на Законот за попис, до сега се собрани над 100 илјади потписи, што како резултат на тоа, сега во Собранието се подготвува предлог закон за укинување на постоечкиот Закон за попис, по кој ќе следи и нов предлог текст.

„Направивме акција во која се собираат граѓански потписи против пописот . Се собраа на 100 илјади до овој момент, колку што имам информација, во Собрание се подготвува предлог закон за укинување на Законот за попис и потоа ќе се спрема нов предлог текст “, истакна Лефков.

Тој се осврна и на проблемите кои што веќе се појавија уште на почетокот на пописот, кој истакна дека иако беше предвидено да се попишува и дијаспората истата не е информирана, затоа што со попишување се започна без никаква кампања. Луѓето, додава Лефков, за процесот на регистрација, единствено се информираат преку дебатните емисии.

„Започна попишувањето на дијаспората без никаква кампања, затоа што не може да се почне една ваква сеопфатна операција каде што се има предвидено да се попише дијаспората а да нема, практично никаква кампања. Единствената кампања, односно единствениот достап до јавноста е благодарение на телевизиските емисии. Значи, граѓаните дознаваат за целиот процес на на регистрација преку дебатни емисии. И сега, не можеме за нешто да зборуваме дека е многу важно и дека и е многу потребно на државата и да делуваме така несериозно, и денеска на вториот ден да кажуваме, има време електронското попишување ќе трае 52 дена“, посочи пратеникот Лефков.

Тој додаде дека не разбира која е потребата од ваквото брзање за попис во услови на пандемија со Ковид-19 кога Америка, а и Србија од соседството го одложија пописот.

Коронавирус