понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 164
home Вести

Лефков: Во ден кога Македонија имаше 1.117 заболени од КОВИД, директорите на јавните установи водеа кампања „Поддршка за Венко“

Лефков: Во ден кога Македонија имаше 1.117 заболени од КОВИД, директорите на јавните установи водеа кампања „Поддршка за Венко“

Од тридневната жалост, денот сабота сите директори од јавните установи го посветија на господинот Венко Филипче пишувајќи писма и статуси. Тој ден имавте 1.117 болни од КОВИД во болниците. Тој ден имавте 30-тина луѓе на респиратори, имавте 700 луѓе на кислородна поддршка, самиот тој ден кога директорите ги пишуваа писмата, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Патот кон“.

Лефков додаде дека истиот тој ден ако Македонија беше нормална држава требаше да бидат во Јавното обвинителство да даваат одговори за тендерските документации, да даваат одговори како е изведен техничкиот прием и да даваат одговори дали е почитуван членот 70 и членот 75 од Законот за заштита и спасување.

-Но, ние видовме тродневна жалост од која два дена на медиумите сите граѓани видоа кампања која се викаше „Поддршка за Венко“. Така ја започнавме кризата со иделопоклонство, со вибер налепници, така за жал и завршивме. Само еден ден по несреќата ние продолживме со хвалоспели за министерот кој што за жал набави 19 модуларни болници, од која што една од нив видовме како заврши, рече Лефков.

Најнови вести

Локални избори 2021