среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Лефков: Пратениците од СДСМ кои изгубија на локални избори треба да си поднесат оставка

Лефков: Пратениците од СДСМ кои изгубија на локални избори треба да си поднесат оставка

„Со тоа што си оди Заев не може да важат сите договори и сите обврски кои што ги преземал тој. Затоа што еве сега што гледам ние имаме нов распоред на сили нели. На 11-ти видовме 60 пратеници против, 59 за“, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Лефков додаде дека по обидот да се формира нова Влада за која од ВМРО-ДПМНЕ се рече ако има силен политички мандат ќе биде добра основа за да се продолжи до 2024 година. Сепак по ситуацијата која што се случи на 11-ти тоа е добар основ за предвремени парламентарни збори.

„Легитимитетот на пратениците од власта е намален и поради губење на локалните избори. Еве на пример Ненад Коциќ изгуби во Велес. Коле Чаракчиев изгуби во Радовиш. Тие од морални причини треба и да си дадат оставка. Тие дополнително ја намалуваат тежината на она мнозинство кое што сака да го создаде Заев“, појасни Лефков.

Лефков посочи дека ако треба да се измери легитимитетот кој што го има власта мора да се додадат и овие податоци, мора да се додадат на равенката. Така може да се види до каде е Заев кој парадоксално ја има власта, ја има Владата но нема поддршка од народот и нема поддршка во Собрание.

„ВМРО-ДПМНЕ има најголем број на пратеници. ВМРО-ДПМНЕ има најмногу градоначалници“, нагласи Лефков.

Лефков укажа дека договорите на Заев кој си ги склучувал со својата коалиција додека бил премиер не важат кога ќе се распишат предвремените парламентарни избори.

Коронавирус