недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 72
home Вести

Лефков: Моралната одговорност на Филипче беше една ПР игра со цел да го сочува своето министерско место

Лефков: Моралната одговорност на Филипче беше една ПР игра со цел да го сочува своето министерско место

Најпрвин да изразам искрено сочувство, длабоко сочувство до семејствата на починатите и настраданите во големата трагедија која што ни се случи, за жал покажа и во каква кондиција ни е и државата. Покрај тоа што секојдневно ја тресат државата скандали, видовме дека и оние пацинети кои што дошле во болницата да бараат здравје, да бараат живот дочекаа за жал еден таков ужасен и трагичен крај. И сметам дека најпрвин она што требаше да се случи е истражните органи да почнат да истражуваат кои се причините за пожарот, како сме дозволиле тоа да се случи, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Патот кон“.

Лефков додаде дека е потребно една формално правна истрага, меѓутоа она што е доблесно и што треба да се направи да најодговорниот и најповиканиот министерот за здравство, господинот Венко Филипче требаше да си поднесе неотповиклива оставка и да си замине од функцијата.

-Видовме дека самите модуларни болници се проследени со многу неправилности, со многу пропусти, нагласи Лефков.

Лефков посочи дека моралната одговорност треба веднаш Филипче да си ја понесе. Граѓаните деновиве беа сведоци и на една игра на оставки, во Собранието оставката се уште ја нема на министерот за да се констатира.

-Во оставката не знаеме што е напишано, не знаеме кои се причините, министерот самиот наведе дека е од морални причини. Меѓутоа ние не знаеме што е напишано во оставката. И сега имаме една ситуација во која што Зоран Заев одлучува за моралните вредности, па според информациите денеска Илир Хасани по оставката се вратил на работа во Траумотологија. Па сега јавноста е во дилема, како за едната оставка одлучено е дека има морални причини односно за господинот Илир Хасани, а од друга страна господинот минситер Венко Филипче нема морална одговорност. Сметам дека моралот треба да го бараме на многу повисоки места, а барањето со формално правна истрага треба да продолжи меѓутоа таму ќе стане збор за други одговорности како што е правната одговорност, како што е кривичната одговорност, а моралната одговорност за жал видовме дека заврши како еден ПР потег, рече Лефков.

Локални избори 2021