сабота, 10. април 2021. Вести денес: 62
home Вести

Лефков: Мнозинството не сака да слушне дебата, не сака да ја слушне опозицијата во Собрание

Лефков: Мнозинството не сака да слушне дебата, не сака да ја слушне опозицијата во Собрание

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема рече дека владеачкото мнозинство не сака да слушне дебата, не сака да ја слушне опозицијата.

„За илустрација кога поднесовме барање да се разгледува концептот за образование вие имавте над 15 процедурални прашања само за да не се расправа за концептот на Царовска“, рече Лефков обраќајќи и се на пратеничката од СДСМ Снешана Калеска која беше дел од дебатата на телевизија Телма.

Говорејќи за работата на Комисијата за надворешни работи, Лефков укажа дека власта и министерот за надворешни и вицепремиерот за евроинтеграции не сакаа да ги удостојат пратениците со присуство, уште помалку да дадат објаснување за она што бараше опозицијата да се дебатира за односите со Бугарија.

Коронавирус