понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Вести

Лефков: Мнозинството граѓани, владеењето на Заев го смета за најголемо зло за Македонија

Лефков: Мнозинството граѓани, владеењето на Заев го смета за најголемо зло за Македонија

Гледам стана тема наметната од луѓе кои сигурно имаат реални координации со Заев за да ја подриваат опозицијата, дали Заев и Мицкоски се координирале.

Заев свесно и намерно ја наметна таа темата а душегрижниците ја продолжуваат, мислејќи дека на тој начин ќе го ослаби ВМРО, затоа што сигурно, ако не самиот тогаш советниците негови, се свесни дека мнозинството од народот во Македонија го смета неговото владеење за најголемо зло за Македонија па еве го со најнов обид да го залепи кон Мицкоски целиот негативен рејтинг во кој самиот Заев се наоѓа, злонамерно, сакајќи да му наштети и сите да сметаат дека еве политичарите се сите исти, и со тоа да се поттикне разочараноста и апатијата кај гласачите.

Тоа е смислено сценарио во кое власта има за цел да го убеди народот дека сите се исти и притоа никој да не излезе на избори да ја поддржи опозицијата односно да ја казни власта, а со тоа неизлегување и разочараност која свесно ја развиваат и шират практично добива само Заев.

Кратко и јасно:

ВМРО и СДС не само што немаат координација туку и постои сериозен антагонизам меѓу двете партии кој кулминираше со изјавата на Мицкоски која му ја кажал на Заев во очи на лидерската средба во клуб на пратеници и ја повтори вчера, дека Заев ќе одговара за се што направил и треба да е свесен за тоа. Уплашен од тоа Заев прибегнува кон вакви сценарија кои ги применувал при “продавање пиперки” (од што станал милионер), а тоа е со измами и на подмолен начин да ја продолжи кампањата дека сите се исти и да го поттикне повторно разочарувањето од
политичарите меѓу народот за да не гласаат за ВМРО односно против Заев.

Партиите, сите големи, од 90-та година до денес си разменуваат план за митинзи со датум и локација за да не се случат судири или инциденти и единствена работа што е направена е таа.
Затоа се друго и сите оние кои се лепат на темава се дел или свесно или несвесно од сценариото на Заев.

Координација со криминалци не може да има.

Дека Заев лаже еве ви го Заев самиот што кажува: НЕМА ДОГОВОР СО МИЦКОСКИ.

Еднаш лажго секогаш лажго. На Заев не може да му се верува за ништо. Казната за измамите доаѓа.

#АкоБабаЛажеТрагНеЛаже

Локални избори 2021