понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

Лефков до Калеска Ванчева: За оставка од морален чин нема потреба од навлегување во правни лавиринти, а според член 115 од Деловникот Филипче можеше да ја даде пред Собранието

Лефков до Калеска Ванчева: За оставка од морален чин нема потреба од навлегување во правни лавиринти, а според член 115 од Деловникот Филипче можеше да ја даде пред Собранието

Рековте од каде ќе најдеме луѓе и овде ме потсетувате на реториката на Зоран Заев од 2018-тата година кога беа скандалите поврзани со Фондот за иновации, кога беа обелоденети дека дел од луѓето одоговорни за доделување на парите од Фондот за иновации се поврзани со добитниците, тој рече ако ги прифаќаме оставките од каде ќе најдеме нови луѓе, во таа насока беше и Вашиот разговор,истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Патот кон“ на соговорничката Снежана Калеска Ванчева.

Лефков додаде дека моралот е внатрешна определба за тоа што е добро, а што е зло. Кога говориме за оставка како морален чин не може да се навлага во правни лавиринти до каде е оставката. По членот 115 од Деловникот на Собранието Филипче можеше да ја даде истата и пред Собрание и веднаш ќе беше констатирана.

-Вториот дел за кој што сакам веднаш да реагирам, кога рече дека уште вечерта се појавиле да се утврдат причините. Вие се уште од Јавното обвинителство онака како што ги следиме по медиумите од Јавното обвинителство нема одговор од што настана пожарот. А, од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција не знам дали и се добиени документите од Бирото за јавни набавки. Меѓутоа што видовме вечерта, видовме дека цела Влада направи еден политички увид на несреќата. Го видовме на лице место како се појавува премиерот Зоран Заев со господинот Али Ахмети, ајде да кажеме дека Зоран Заев е премиер, а во која улога беше Али Ахмети на лице место на настанот? Како претседател на политичка партија? Тоа тогаш беше коалиционен увид на несреќата, запраша Лефков.

Лефков потсети дека по телевизиите имаше дека технички увид се нема извршено во модуларната болница во Тетово. Примопредавањето на модуларната болница било решавано со партиски средби.

-И ние денес осум дена по несреќата дозволуваме на национална телевизија да велиме дека таков партиски увид требало да ги открие причините за несреќата. Сметам дека тоа е катастрофа, нагласи Лефков.

Најнови вести

Локални избори 2021