четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 26
home Вести

Лефков: Барањата на средношколците се разумни, ние како опозиција поднесовме предлог закон за измена на Законот за средно образование

Лефков: Барањата на средношколците се разумни, ние како опозиција поднесовме предлог закон за измена на Законот за средно образование

Барањата на матурантите се разумни и нашиот удел како опозициска пратеничка група е да го поднесеме тој предлог закон за измени на законот за Средно образование, вели во интервју за Курир пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

-Во саботата имавме средба со Сојузот на средношколци на Македонија, поразговаравме за нивните барања и за нивните проблеми и во таа насока, нашиот предлог на закон како пратеничка група и како членови на Комисијата за образование и наука ги изразивме нашите ставови дека единствено можно решение во овој момент е измена на законот за Средно образование, со насока да се сменат и правилниците за полагање на матурата за оваа година, затоа што барањата на средношколците беа разумни. Затоа што станува збор за ученици кои што една година не влегле во училиштата, истакна Лефков .

Ги слушнавме нивните аргументи, тие не барат да не полагаат државна матура, туку бараат истата да биди скратена и сметаме дека тоа навистина е разумно решение, вели тој.

Нашиот удел како опозициска пратеничка група е да го поднесеме тој предлог закон. Ние овие прашања не сакаме да се политизираат и не е потребно политиката да влегува во училиштата, додава во интервјуто за Курир Лефков.

Во продолжение можете да го погледнете целото интервју на пратеникот Миле Лефков:

ЕУРО 2020

Македонија