петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 173
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе

home Вести

Лефков: Ако дрогата е од 2016-та, немало црногорските власти да знаат дека се крие во тоа возило, очигледно е дека се работи за пресретнат шверц

Лефков: Ако дрогата е од 2016-та, немало црногорските власти да знаат дека се крие во тоа возило, очигледно е дека се работи за пресретнат шверц

Има ли скандал кој не и се случи на државата под водство на криминалниот дует Спасовски – Заев. Станавме и за потсмев на регионот. Оливер Спасовски е должен и одговорен како министер за внатрешни работи да и објасни на јавноста зошто врши институционализација на криминалот? Како МВР водена од Оливер Спасовски успеа да стане дувло на криминал. Запленетата дрога во возило на МВР во Црна Гора проследена со смешното и патетично објаснување за заборавена дрога од пред 5 години уште еднаш покажува дека МВР на Спасовски наместо да ги гони и лови криминалците со дрога, истите ги заштитува, Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Јавноста знае кој во изминатите 5 години произведува, шверцува и работи со дрога. Семејството Заеви како сопственици на најголемите плантажи за производство на марихуана, началникот Чипсио и шоферот на Заеви како докажани шверцери, а сега дали во таа низа и официјално се вклучи и Спасовски? Зошто Спасовски молчи за случајот со запленетата дрога во Црна Гора? Смешни се објаснувањата од МВР дека дрогата е од 2016 година и истата е во возилото. Од 2016 година до денес има повеќе од 5 години,а Оливер Спасовски без прекин министер во МВР и тој имал доволно време да се запознае секое едно делче од министерството, а не да му остане дрога во автомобил. Кого лаже Спасовски? Ако возилото било на МВР, и дрогата е од 2016 година, а не од сега, како знаеја црногорските власти дека токму во тоа возило има дрога? Знаеме дека полициските сили низ државите работат со дојави и информации кои ги поседуваат партнерските служби, тоа што фатиле дрога во возило на МВР говори дека дрогата не е од пред 5 години, туку од сега, рече тој.

Лефков порачува: „ЈО да не чека на Спасовски кој добро глуми, нека ги праша црногорските власти за помош, и тоа нека ги праша од каде е дрогата, каде требала да биде испорачана и кој стои зад нарачката, очигледно е дека станува збор за пресретнување на шверц на дрога. Доколку ЈО не побара таква помош очигледно станува дека ги штити криминалците во МВР под водство на Спасовски, кој им е шеф не само службено, туку и во криминал“.

-Доколку дрогата била од 2016 година, таа немала да седи во возило на автопаркот во МВР со години, туку веќе ќе била уништена. Секоја заплена на дрога се регистрира, а дрогата се уништува, не се чува во МВР. Очекуваме ЈО да постапи стручно и професионално, сите факти во случајот се на дофат на рака. Одговорност за директните шверцери, нивните налогодавци, но и за Спасовски, кој е прв во институцијата на кој овој скандал му е еден во низата многу скандали кои го тресеа МВР, посочи тој.

Коронавирус