четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 15
home Вести

„Лажните ветувања на Заев“

„Лажните ветувања на Заев“

ЛАЖНИТЕ ВЕТУВАЊА НА ЗАЕВ!
“ЖЕЛЕЗНИ ОПИНЦИ ЌЕ ОБЛЕЧАМ, ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД 30.000 ДЕНАРИ ЌЕ ДОНЕСАМ”

Ова е едно од најголемите лажни ветување на Зоран Заев!
За да видиме колку е далеку од ова ветување малку математика:
Просечната месечна нето плата во земјата за 2019 година според Државниот завод за статистика изнесува 25.215 денари.
Ова е промашување од ветените 30.000 денари за цели 4.785 денари или околу 75 евра помалку во просек по работник.
Ако го земеме во предвид фактот што во земјата има околу 800.000 вработени, тоа значи дека работодавачите треба да исплатат 60 милиони евра повеќе месечно или 720 милиони евра годишно за да просечната месечна нето плата достигне 30.000 денари.
Пресметка: (75 евра x 800.000 работници = 60.000.000 евра месечно x 12 месеци = 720.000.000 милиони евра годишно)
Овие пари ниту ги има во стопанството, уште помалку кај презадолжената влада на Заев.

Ева како Заев ги лаже граѓаните!

Но, трагедијата да биде уште поголема тој сега без никаква морална одговорност излегува со ново лажно ветување дека просечната плата ќе ја зголемел на 36.000 денари во следниот период, само не кажа сега со какви “опинци” ќе го направи тоа.
Зарем Зоране не сфаќаш дека народот те прочита и дека веќе никој не ти верува.

Затоа на 12 Април ќе го добиеш вистинскиот одговор од граѓаните за сите твои лажни ветувања и манипулации, напишаа на Фејсбук од комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус