петок, 3. април 2020. Вести денес: 6
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Лажеше тогаш или сега премолчува: Заев ќе сведочи за предизборните ветувања кон родителите на децата убиени во „Монструм“

Лажеше тогаш или сега премолчува: Заев ќе сведочи за предизборните ветувања кон родителите на децата убиени во „Монструм“

На денешното рочиште за случајот „Монструм” се гледаше видео снимка од собраниска седница, од 2018 година, на која зборувал доскорашниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, пренесува „Фактор“.

Тој како премиер одговара на пратеничко прашање на пратеникот Зоран Илиљовски.

-Вие како опозиционер изјавивте дека имате прислушувани материјали со кои се расветлува сучајот “Монструм”. Дали имате докази и дали навистина ја откриваат вистината или доколку не е така, дали чувствувате одговорност што ги манипулиравте родителите на тие деца?, е прашањето на пратеникот до Заев.

Тогашниот премиер Заев, од собраниската говорница, извртувајќи го одговорот пренесе:

– Ако Заев имаше конкретни докази, тие докази, бомби, ќе беа пуштени до крај . Во доказите има сериозни индиции и затоа се доставени до обвинителството. Еден од родителите слушна разговори на обвинетиот Фејзи Азири како разговара со градоначалникот Невзет Бејта  и го моли за субвенции. Ги виде и тие телефони кои наводбо биле скриени. Не смеев да ги објавам јавно, но имаше право да ги види родителот. Сите докази се доставени до СЈО, а има и дополнителни докази кои треба да се истражат, вели Заев.

Пратеникот му замери на премиерит дека тогаш манипулирал кога изјавувал дека има докази за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

Набрзо во судница ќе се појави и Заев, со кого бараат да се соочат родителите на убиените деца.

Коронавирус