четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 66
home Вести

Лазаровска за скандалозниот статус на Фејсбук: Ми го хакираа профилот, јас не го напишав тоа

Лазаровска за скандалозниот статус на Фејсбук: Ми го хакираа профилот, јас не го напишав тоа

Некој ми го хакирал Фејсбук профилот или направил паралелен како да е мој и ја напишал недоличната порака „да му даде Нобелова награда за храброст на напаѓачот во Нов Зеланд“, вели професионалниот војник Татјана Лазаровска од Битола, објави СДК.мк.

Таа деновиве е на удар на социјалните мрежи, каде е критикувана дека шири говор на омраза. Лазаровска, која десет години работи во АРМ, вели дека таа не е автор на таквата порака и случајот веќе го пријавила во СВР Битола.

– Претходно имав ситуација на работа и разговарајќи со старешини им кажав дека ми се бришат и се додаваат личности од фејсбук, но не обрнував внимание зашто јас немам некои информации да пренесувам таму. Не ни помислив дека до вакво нешто може да дојде. Како припадник на АРМ ми е непријатна цела ситуација и срамно е. Како православен христијанин сметам дека не е долично, припадниците на православната вера знаат дека ние верниците не се повикуваме на убиство и насилство врз која било вера и нација. – вели Лазаровска.
Таа не го забележала статусот на Фејсбук, но ѝ паднало чудно кога почнале да ѝ стигнуваат пораки со заканувачка содржина. Дури отпосле нејзина пријателка и колега ѝ предочиле што е објавено на интернет. По ова се соочила со море од критики на социјалните мрежи и повици таа да биде отпуштена од работа што и дало чувство како да е осудена без да биде сослушана.

– Мојот вистински Фејсбук профил го избришав зашто имаше безброј закани дека ќе ме убијат. За мојот живот не стравувам зашто јас сум верник и верувам дека ќе биде како сака Бог. Како професионален војник сум загрижена за угледот кој ми е загрозен. Во 2003 година многу мажи што требаше да одат во редовна војска не одеа, а јас се пријавив како бранител на мојата држава. И затоа ми е важно да се знае дека работам професионално и дека повикот ми е многу важен. – вели Лазаровска.

Од Генералштабот на АРМ за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека за Лазаровска поведена е иницијатива за покренување на Дисциплинска постапка поради нарушување на угледот на армијата. Тие не можат да прејудицираат дека таа е виновна, туку преку соодветна постапка ќе утврдат што точно се случило и какви мерки треба да бидат преземени.

Според Законот за служба во АРМ, предвидени се мерки од писмено известување до најстрога казан, а тоа се прекинување на работен однос. Надлежните велат дека таа постапка не завршува сега и одма, туку прво треба вработената, која сега е на годишен одмор кога ќе се врати на работа да се извести, да се сослуша, па да биде донесена одлука на која има право на жалба до Второстепена комисија, па право и одлуката да ја обжали на суд.

Коронавирус