недела, 29. март 2020. Вести денес: 37
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Лазарова Трајковска: Владата не може да врши било каков упад во правото на личен доход на граѓаните

Лазарова Трајковска: Владата не може да врши било каков упад во правото на личен доход на граѓаните

Судијката Мирјана Лазарова Трајковска поранешна судијка на Судот за човекови права во Стразбург и актуелна судијка во Врховниот суд на Република Македонија, во вечерашната емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија , а во врска со предложените мерки за кратење на платите на администрацијата, истакна дека правото на личен доход е право на граѓанинот и врз него не може лесно да се врши било каков упад без јасна цел и неопходност.

Судијката вели дека во ваква ситуација владите можат да вршат пренамена на средствата во буџетот за мерките коишто ги спроведуваат, меѓутоа навлегувањето во личните примања на граѓаните и навлегувањето на ваков паушален начин со однапред воведувањето на политика којашто става одредена категорија на лица од јавната администрација во понезавидна положба.

-Правото на сопственост го опфаќа и правото на личен доход и притоа тука не може да се интервенира лесно и не може да се направи било каков упад во правото на личен доход во ниту една категорија на лица, а за тоа да не се донесе соодветен закон, вели Лазарова Трајковска.

Таа рече дека Владата може со уредба да го регулира тоа, но дали таквите мерки се пропорционални на целта којашто се сака да се постигне и дали се тие неопходни во дадениот момент е многу важно.

Ваков тип на мерки со кратење на плати немаат обзнането ниту една од шесте држави коишто имаат прогласено вонредна состојба, вели судијката од Врховен суд.