сабота, 17. април 2021. Вести денес: 16
home Вести

Лазаров: За да постои казна за матични лекари, прво Филипче треба да изготви протокол како да се лекуваат заболените од КОВИД-19

Лазаров: За да постои казна за матични лекари, прво Филипче треба да изготви протокол како да се лекуваат заболените од КОВИД-19

„Ние до ден денес од почетокот на пандемијата немаме ниеден директен допис од нашиот министер. Протокол со третман на пациенти со КОВИД-19 на примарно ниво како матични лекари не постои. Секој матичен лекар лекува согласно свои моментални познавања и проценка“, појасни докторот Ненад Лазаров гостувајќи во „24 Анализа“.

Лазаров додаде дека нема протокол, официјален допис матичните лекари секојдневно го молат министерот да изготви.

„Денес имаше една скандалозна изјава од една директорка на сите инспекциски служби, која што посочи дека сега имаат зголемени ингеренции и ќе се казнуваат матичните лекари ако се констатира несоодветно лекување. Тоа од неколку аспекти е нон сенс. Прво не може да констатира никој освен суд за несовесно лекување. Тоа не може ад хок некој да дојде во ординација и да ти каже ти пациентот не си го лекувал како што треба, еве казна. Тоа е само луѓето да слушаат и да има негативен набој, бидејќи мора да се канализира вината кај некого. И втора работа е за да постои казна мора да постои протокол , кој што би бил прекршен“, нагласи Лазаров.

Најнови вести

Коронавирус