вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 146
home Вести

Лазаров: Владата нема реализирано ниту 30 проценти од трите сета на антикризни мерки, а сега се расфрла со најава на четврт сет на мерки

Лазаров: Владата нема реализирано ниту 30 проценти од трите сета на антикризни мерки, а сега се расфрла со најава на четврт сет на мерки

Во реалната економија имате 40.000 невработени лица согласно податоците на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Од почетокот на годината до денес 104.000 граѓани беа активни баратели на работа во јануари, денеска се 144.000. 40.000 вработени ги изгубиле своите работни места. Дали знаете министре дека ќе има масовни отпуштања наредниот месец, текстилната индустрија најави сериозни масовни отпуштања затоа што нарачките паѓаат во странство? Дали знаете дека и другиот сектор се соочува со сериозни проблеми, вели Дарко Лазаров, претседател на комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Во однос на најавите на владата за четвртиот сет на антикризни мерки, Лазаров посочи дека владата нема реализирано ниту 30 проценти од досегашните три сета на мерки, а сега се расфрла со најава за четврт сет на антикризни мерки.

-Она што граѓаните го очекуваат, стопанството и сите чинители во државата, пред да најавувате или да мафтате со некој четврти сет на мерки да излезете како влада и тоа во првата недела и да направите сеопфатна анализа за тоа колкав процент од досегашните три сета на мерки се исполнети, какви биле ефектите од тие, дали ги дале очекуваните резултати итн. Во првите три сета на антикризни мерки, буџетиравте односно најавувате на помпезни прес конференции 55 милиони евра. Јас ви кажувам, не ги знам конкретно податоците, но сум убеден дека повеќе од 150 милиони до сега се немаат потрошено. И сега вие мафтате со четврти антикризни мерки, а ви гарантирам дека 30 проценти од овие три пакет мерки не се исполнети, истакна Лазаров.

Коронавирус