среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Лазаров: Мерките на власта за заштита од КОВИД се небулозни, работите за жал ни излегуваат од контрола

Лазаров: Мерките на власта за заштита од КОВИД се небулозни, работите за жал ни излегуваат од контрола

Ненад Лазаров вечерва во емисијата „Што не е јасно“ посочи дека одредени мерки од страна на власта што беа донесени за КОВИД пандемијата се небулозни.

-Јас до ден денеска не можам да разберам зошто во маркет голем да речеме работничките што се на каса, касиерки зошто да носат заштитни ракавици. На таа каса поминуваат 100-тина производи, таа мерка е навистина небулозна. Не знам зошто да носат ракавици?, запраша Лазаров.

Лазаров додаде дека уште една таква небулозна мерка е носење на маска на отворен простор, која како лекар не ја разбира.

-Работите со вирусот ни се вон контрола. Тука никој ништо не може да направи доколку драстично не промениме нешто. Ќе ја гледаме оваа експоненција, беа 400, 500 па ќе бидат 600, па 1.000 новозаболени, истакна Лазаров.

Лазаров посочи дека здравството не е колабрирано од сега, и лани исто така беше колабрирано.

Коронавирус