среда, 28. јули 2021. Вести денес: 154
home Вести

Лазаров: Гледаме еден гол популизам, една типична манипулација на креаторите на економските политики на неспособната влада на СДСМ

Лазаров: Гледаме еден гол популизам, една типична манипулација на креаторите на економските политики на неспособната влада на СДСМ

На денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ на тема економија универзитетскиот професор Дарко Лазаров истакна дека економските политики на Владата предводена од СДСМ се катастрофални. Тие само го лажат народот и го манипулираат македонскиот граѓанин.

-Размислував многу на која тема да говорам вечерва, затоа што има толку многу работи што треба да се кажат околу неспособноста на оваа Влада и на локалните власти во делот на водењето на државата и македонската економија. Оваа криза од една страна, извади на површина многу лоши економски политики што ги водеше Владата во изминатиот период, а од друга страна пак кризата за нив беше и една поволност да ги скријат сите неспособности во периодот од 2017-та до 2020-та година. И сега сите оправдувања на оваа Влада е кризата, дека таа е виновна за нереализација на економските владини мерки и така натака. Меѓутоа во суштина станува збор за една голема неспособност на Владата. Гледаме еден гол популизам, една типична манипулација на креаторите на економските политики на владата на СДСМ, посочи Лазаров.

Денес не можеме да зборуваме ниту за евтина работна рака ниту за висока плата, рече тој.

-Ние денес зборуваме за 50-60 илјади работни места кои практично се изгубени ова година ипол. Исто така, годишно одат по 40 милиони евра за субвенционирање на тие вештачки зголемени плати со кои тие се фалат. Кога зборуваме за отстапување од некое ветување, граѓаните го гледаат само едниот сегмент од приказната. На пример платата требало да биде 500 евра, денес платата е 27 илјади денари. И ќе излезе Зоран Заев и ќе рече па, добро 27 илјади е близу до 30 илјади денари. И граѓаните во прв момент можеби ќе поверуваат на тоа. Но, гледајте ги работите од макро аспект колку е тоа неостварливо. Зборуваме за отстапување од 50 евра на еден човек. Во Македонија има 800 илјади вработени. Ако помножите 800 илјади вработени по 50 евра тоа се 40 милиони евра месечно или 500 милиони евра со кои Заев ги излажал македонските граѓани, изјави Лазаров.

Околу стапката на економскиот раст тој посочи дека владата на СДСМ ги излажала граѓаните.

-Еден процент на десет милијарди евра БДП се 100 милиони евра. Значи 100 милиони евра помалку пари создала оваа Влада во однос на тоа што ветувала. А тие пари треба да се дистрибуираат на граѓаните, истакна Лазаров.

Околу програмата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори Лазаров рече дека станува збор за еден развоен, модерен концепт за водење и развој на македонската економија во наредните пет, десет години. Концепт кој се базира на реални фундаменти и проекти, на визија како треба да се води македонската економија.

Коронавирус