петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Лазаревски: Планината Водно мора да биде заштитена во целост, екологијата и зеленилото мора да бидат на прво место на секој градоначалник

Лазаревски: Планината Водно мора да биде заштитена во целост, екологијата и зеленилото мора да бидат на прво место на секој градоначалник

На денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема екологија се обрати Игор Лазаревски, кој зборуваше во однос на екологијата која што ги засега сите граѓани и е еден од фундаментите врз кои почива секое општество.

Лазаревски потенцираше дека во однос на парк шумата која што се наоѓа на Водно, најголем дел од граѓаните и над 100 директни учесници во студијата се против плановите за зголемување на ДУП и ГУП, односно да се гради уште повеќе на Водно, кое и онака е пренаселено.

Тој додава дека под заштитено Водно, власта го смета само појасот кој го опфаќа делот кон кањонот Матка, а не значи дека целото Водно заштитено. Доколку се дозволи реализација на планот и да се заштити само оној дел кој е на пределот кон Матка, тогаш целиот предел до таму ќе биде отворен за објекти од јавен интерес, а со тоа ќе се уништи убавината на самата планина.

Лазаревски истакна дека зеленилото е најважниот дел на кој треба да се посвети најмногу внимание, бидејќи без зелени површини градот ќе се загуши. Власта вети многу зелени нови површини и паркови, но за жал досега немаме еклатантен пример за таквите најави, односно голем дел од постоечките паркови се прекопани и на истите локации се изникнати бетонски ѕидови.

Во однос на водоснабдувањето на градот Скопје, Лазаревски вели дека водоводната мрежа е преоптеретена, а истата не се ревитализира. Напротив, тој додава дека подземните води во Скопје се на ниско ниво и доколку не се внимава на водните капацитети кои што ги опслужуваат потребите на населението, тогаш е многу веројатно често во Скопје да нема вода.

За фамозната набавка на Петре Шилегов на садници во висина од 9,5 милиони денари, Лазаревски вели дека најпрво набавката не е направена согласно потребите и условите, бидејќи потрошени се средства за садници кои не одговараат на климата во Скопје, а тоа значи дека дрвата и цвеќињата брзо венеат и потоа повторно се даваат пари за истите потреби.

При планирањето на развојот на градот Скопје, задолжително и неопходно е планирање на зелени површини, бидејќи Скопје е пренаселен град, а паркови има се помалку. Доколку се дозволи бетонизација насекаде низ Скопје, тогаш скопјани ќе бидат загрозени во однос на зелени површини, заврши Лазаревски.

Коронавирус