среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 129
home Вести

Латас: Поради несовесното работење на Филипче и владата илјадници луѓе ќе ги изгубат своите животи

Латас: Поради несовесното работење на Филипче и владата илјадници луѓе ќе ги изгубат своите животи

Новинарот Драган Павловиќ-Латас во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ говореше за вакцините поврзани со КОВИД 19 и посочи дека поради несовесното работење на Филипче и владата илјадници луѓе ќе ги изгубат своите животи.

-Тоа што не се набавени вакцини и по закон е несовесно работење и несовесно работење од службата затоа што не ги исполниле своите обврски и загрозиле животи. По проценка на сегашното темпо на умириање, ако по проценка на ден умираат 20-30 тогаш би имале 900 месечно и околу 3.000 до 4.000 луѓе ќе умрат затоа што тие не си ја завршиле работата и бидејќи владата не обезбедила вакцини и тоа е ноторен факт. Ако ние три месеци задоцниме со вакцината еве ги илјадниците луѓе кои ќе ги изгубат животите заради несовесно работење на Филипче и владата, потенцираше новинарот Латас во своето готсување.

Коронавирус