вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 48
home Вести

Латас: Ова што го прави Заев со бизнисот со марихуана го нема во ниту една eвропска држава

Латас: Ова што го прави Заев со бизнисот со марихуана го нема во ниту една eвропска држава

Новинарот Драган Павловиќ-Латас во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за целата ситуација во држава и посочи дека Македонија се распаѓа бидејќи државните институции не ја извршуваат својата функција.

Тој во своето гостување зборуваше за бизнисот со марихуана кој е бизнис кој го држи една фамилија и треба да донесе профит од 250 милиони евра профит и ова го нема во ниту европска држава.

-Македонија се распаѓа по сите основи бидејќи државните институции не можат да ја извршат својата функција бидејќи имаат апсолутна контрола и клиентализам наметнат од страна на актуелната власт. Судовите не работат, се повеќе има пресуди на Европскиот суд за човекови права или отпочнато процеси кои се спротивни на ставовите и одлуките на судовите и македонските органи, не работи бизнисот бидејќи бизнисот е зависен од тендерите. Денеска секој па дури и среден стопанственик кој има фирма за водовод, канализација, струја и така натаму ќе ви каже дека во општина не може да добиете тендер ако не го делите со некој од СДСМ, инаку ќе бидете дискфалификуван или тендерот поништен ако сте добиле вие. Тука пропадна занаетчиите и малите фирми. Во Акција 21, точка на СДСМ кој овие денови ја објавуваат како европеизација на Македонија на високо 5 или 6 место е марихуана. Бизнис кој го држи една фамилија под контрола, кој според премиерот Заев треба да донесе 250 милиони евра профит. Ваков бизнис нема ниту во Германија, ниту во Холандија, го нема во другите држави во Европа. Значи тој ја контролира целата држава. Ниедна инструција не може да постои, медиуми не можат да постојат, не фунционира ни здравсто, ни образование, потенцираше новинарот Павловиќ-Латас во своето гостување.

Коронавирус