петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Латас: Очигледно, Северна и Тиранската платформа се добро наплатени

Латас: Очигледно, Северна и Тиранската платформа се добро наплатени

Кога новиот, технички министер за внатрешни Наќе Чулев, го назначи Ристо Ставревски за прв човек на скопската полиција од СДСМ рипнаа, не може бидејќи се спомнувал во телефонските разговори на СЈО! Бидејќи никогаш не ги слушнавме разговорите на функционери на СДСМ кои, ден денес, се кријат во рацете на Заев останува да веруваме дека само вмровците разговарале по мобилен а тие општеле со гулаби. А гулабите не зборат, барем засега. Ама, зборат видео снимките, пишува Драган Павловиќ Латас во својата нова колумна.

Латас пишува дека деновиве слушнавме делови, само делови, од легално снимани разговори преку ПИ полициски мерки на Зоран Заев, градоначалник на неговата приватна Струмица во кои убаво, детално објаснува како примал по 100-200.000 евра поткуп од струмички бизнисмени на рака пошто така било најпрактично, иако можело и на трансакциска или кај баце Вице во менувачница.

“Работите треба да се завршат, тука да се завршат, мани ги тие скопјаните, тука да завршиме работа… ја сум за нив сељак од Струмица…“ везе друже Зоки и на запира. А зошто би запрел, на маса е кеш од 200.000 евра кој чека само потпис од него, градоначалникот. И после од кај се појавиле Боки 13 и Катица Јанева со таква дрчност и лакомост кон кеш. Имале добра школа од шефот. Откако СДСМ изгласа амнестиран лик за премиер, секоја нивна примедба за минато на било кој друг политичар е – празен муабет.

Тие, кои се толку гадливи на туѓите телефонски разговори не им смета што го слушаат Заев како бара и прима сериозни износи за поткуп. Не. Тоа им е нормално па ако им заврши работа и на нив, како да не чуле ништо од негова уста. Како во вицот со Бранко на времето после аферата ТАТ кога се сретнал со Бузле, Гештак и Јане Миљовски па им згрмел: или прекинете со корупција или вклучете ме и мене!

Целата колумна на Ластас прочитајте на Вечер.мк

Коронавирус