сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 23
home Вести

Ласовска: Жените жртви на насилство мора да имаат соодветна законска заштита

Ласовска: Жените жртви на насилство мора да имаат соодветна законска заштита

Благица Ласовска, Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во свoeто гостување во емисијата „Вин-Вин“ зборуваше за насилството врз жените каде посочи дека жените жртви на семејно насилство мора да имаат соодветна законска заштита. Според неа не треба само да се носат закони за заштита на жените жртви на семејно насилство туку е многу поважна нивната имплементација односно да има брза реакција од страна на интитутциите.

-Дојдовме до една ситуација 2018-2023 година направивме еден национален акциски план за имплементацијата на Конвенцијата за спречување на борба против насилство врз жените вклучувајчи го и семејното насилство. Не е само да носиме закони напишани онака како што треба, нивната имплементација е проблемот. Брзата реакција на институциите е многу важна особено Министерството за внатрешни работи, судската заштита на жената која е нападната исто така, нејзините деца, шелтер центри тука би ги споменала, невладиниот сектор, бесплатната правна помош. Има многу теми на разговор кој се надевам ги има во законското решение кое го очекуваме да пристигне, рече Ласовска во своето гостување.

Коронавирус