вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 50
home Вести

Ласовска: Во СДСМ се повеќе и повеќе се уплашени, лажните вести нема да им помогнат

Ласовска: Во СДСМ се повеќе и повеќе се уплашени, лажните вести нема да им помогнат

Лажна вест и ширење на лажни вести е дека техничката министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи изработувала семинарски трудови за пари. Власта е во паника, на Бихаќка се свесни дека на 12 април граѓаните ќе ги поразат нивните погубни политики кои за овие три години на државата и нанесоа несразмерна штета, истакна Благица Ласовска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со очајнички обиди и лажни вести Костадинов се обидува да ја продолжи политичката кариера на неговиот ментор, Зоран Заев кој ја уназади Република Македонија. Во СДСМ се повеќе и повеќе се уплашени, лажните вести нема да им помогнат, исплашени се од откривање на нивните криминали и негрижата за граѓаните, негрижата за сите оние кои ги заборавија изминатите три години, рече Ласовска и додаде:

„Нема да спречат ниту еден од техничките министри и дополнителните заменици министри да си ја вршат својата работа, да ги истражат сите нерегуларности и криминали на власта на СДСМ. Нема да ги спречат да работат чесно и достоинствено во служба на граѓаните. Казната за криминалот и корупцијата, за поразите кои и ги нанесоа на државата пристигнува набрзо, граѓаните ќе го казнат Зоран Заев и неговата криминално-рекетарска банда. Македонските граѓани ќе ја изберат обновата на Македонија“.